(ВИДЕО) Најмалку 30 лица се уапсени за време на немирите во Минеаполис

Од:

Полициската управа на Минеаполис соопшти дека најмалку 30 лица се уапсени, обвинети и ослободени за време на демонстрациите во центарот на градот, неколку дена откако агент на Службата за имиграција и царина (ICE) застрела и уби жена во градот, додека еден полицаец е полесно повреден.

Според полицијата, „голема толпа од неколку стотици луѓе“ се собра во близина на хотелот „Канопи“, а потоа се пресели пред хотелот „Ренесанс Депо“, каде што е пријавена материјална штета, објави CBS.

Полицијата вели дека одговорила на пријава за „возило кое се движи кон зграда“ и го пронашла возилото паркирано на тротоарот, но без видлива штета.

Додека полицајците истражувале, околу нив се формирала толпа.

„Дополнителни сили реагираа за да помогнат и сите полицајци успеаја да ја напуштат областа. Еден полицаец претрпе полесни повреди кои не бараа медицинска помош“, соопшти полицијата.

Полицијата не соопшти како е повреден полицаецот, но рече дека луѓето „фрлале снег, мраз и камења кон полицајците“ како и кон полициски возила и други возила на патот.

Подоцна, демонстрантите се вратија пред хотелот „Канопи“, каде што полицијата соопшти дека неколку луѓе насилно влегоа во зградата низ влез од мала улица.

Кратко потоа, полицијата го прогласи собирот за незаконски и им нареди на демонстрантите да се разотидат.

Полицијата соопшти дека најмалку 30 лица се приведени.

Низ САД се одржаа низ серија протести поради убиството на Рене Гуд во Минеаполис на 7 јануари.

Покрај Минесота, протести се одржаа и во Вашингтон, каде што демонстрантите се собраа пред Белата куќа, носејќи транспаренти и повикувајќи на промени и поголем надзор врз имиграциската и царинската служба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Американски судија ја исправи неправдата: Нареди ослободување на уапсениот петгодишник

(ВИДЕО) Американска конгресменка нападната со непозната течност во Минеаполис

Горан Наумовски

ВИДЕО: Шефот на граничната полиција го напушта Минеаполис, доаѓа „граничниот цар“

Волц го повика Трамп да ги повлече агентите на ICE од Минеаполис

Клинтон: Ако се откажеме од нашaтa слободa после 250 години, можеби никогаш нема да ја вратиме

Горан Наумовски

Хаос во Минеаполис – демонстрантите ги блокираа улиците со контејнери, полицијата испука солзавец

А1он