Последната бројка на жртви кој ја соопштија властите за пожарите во Лос анџелес е 10, но се стравува дека бројот може да расте. Во тек се идетификациите и информирањето на семејствата на починатите.
Пет пожари и натаму беснеат на територијата на Лос Анџелес. Само мал дел од нив е под контрола. Илјадници домови, цели блокови, населби изгореа. Илјадници семејства останаа без домови.
Според најавите, втерот кој во моментов е стивнат, повторно ќе се засили во текот на денов што дополнително ќе ја отежне работата на пожаникарите.
Претседателот на САД, Џо Бајден најави дека федералната влада ќе ги покрие трошоците за штетите предизвикани од пожарите.