Повеќе од илјада повредени и над 900-тина приведени од страна на полицијата има во граѓанските протести во Турција. Протестантите извикуваат и бараат оставка на трускиот премиер Ердоган.
До раните утрински часови се’ уште траеја судирите на полициските сили со демонстрантите. За разлика од вчерашниот ден, кога полициските сили употребија солзавец и водени топови за разбегување на насобраните луѓе, денес ситуацијата е помирна.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи на Турција, во демонстрациите во 48 градови се повредени 53 граѓани и 25 полицајци. Во вчерашните немири се убиени двајца демонстранти.
Петар Клинчарски