ВИДЕО: На Лос Анџелес му се заканува најлошото сценарио, помагаат пожарникари од Мексико

Од:

Продолжуваат напорите за гаснење на пожарите во областа на Лос Анџелес, а на сила е црвено предупредување бидејќи од денеска до среда попладне се очекуваат силни ветрови кои би можеле да влијаат на ширењето на пожарите.

Пожарот во Палисадес, кој избувна на 7 јануари, уништи околу 5.000 објекти и 14 отсто беше локализиран, објави телевизијата ЕјБиСи. Пожарот во Итон, кој исто така започна на 7 јануари, уништи или оштети околу 7.000 згради, а 33 отсто беа изгаснат.

Во гаснењето на пожарите учествуваат повеќе од 15.000 луѓе и 1.900 противпожарни возила.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп сака да отпатува во Лос Анџелес по неговата инаугурација на 20 јануари, изјавија извори за Си-Би-Ес. Според нив, тоа би можело да се случи веќе следната недела.

Најмалку 24 лица загинаа, а десетици се водат како исчезнати во пожарите во областа Лос Анџелес.

Наредбата за задолжителна евакуација останува во сила за 92.000 луѓе, а уште 89.000 жители се под предупредување за евакуација.

Покрај пожарникарите од другите сојузни држава, на помош во Лос анџелес се и 72 мексикански пожарникари. Според изјавите од надлежните, тие во Калифорнија ќе бидат од една до три седмици.

Би можело да ве интересира

Гвинет Палтроу ја продаде луксузната вила што ја купи со поранешниот сопруг за 22 милиони долари

А1он

(ВИДЕО) Расте бројот на жртви во Лос Анџелес: Делови од градот изгледаат како бомбардирани

Катерина Ѓуровски

Лос Анџелес: Бројот на загинати во пожарите се искачи на 16, доаѓаат нови проблеми

ВИДЕО: Парис Хилтон објави снимка од уништената куќа во Малибу

(ВИДЕО) Жителите на ЛА се враќаат на уништените имоти: Како да паднала атомска бомба

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Најмалку 10 жртви во пожарите во ЛА, битката со огнот продолжува