ВИДЕО: Му се потсмевале зошто се презива Трамп, американскиот претседател го покани во Конгресот

Од:

Единаесетгодишниот Американец, кој е жртва на врсничко насилство поради неговото презиме Трамп, ќе присуствува на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата, објави светските медиуми.

Џошуа Трамп од Вилмингтон во Делавер, не е во роднинска врска со претседателот Доналд Трамп. Неговите родители велат дека поради неговото презиме, другите ученици во одделението го викале ‘идиот’ и ‘глупав’.

Сенатори и членови на Конгресот исто така повикуваат гости во Капитол, седиштето на американскиот Конгрес и ги користат за давање јасни политички пораки.

Но, Џошуа е еден од 17 гости кои посебно ги повикаа претседателот и првата дама на говорот. Родителите на Џошуа, рекле дека неговите злоставувања почнале во 2015 година, кога претседателот Трамп објавил дека ќе се кандидира на изборите.
Кога разбрале родителите што се случува, го отпишале од тоа училиште и една година се школувал дома. Потоа продолжил во друго училиште, но и таму продолжиле навредите.

Би можело да ве интересира

Инаугурацијата на Доналд Трамп преместена во затворен простор поради студеното време

А1он

Има ли шанси Трамп и Путин да се сретнат во Белград?

А1он

Потврдено: Се подготвува средбата Путин-Трамп

Предраг Петровиќ

Бајден шокиран од Трамп: Страшно

Трамп ќе биде осуден пред неговата инаугурација

А1он

Трамп ја загуби жалбата во случајот против новинарката Џин Керол, мора да плати 5 милиони долари

А1он