Напаѓач отвори оган синоќа во супермаркет во Арканзас во САД, при што уби тројца, а рани уште десетминна, меѓу кои и двајца полицајци, соопшти полицијата на Арканзас.
Осомничениот исто така бил ранет во размената на оган со полицијата, изјави за новинарите директорот на полицијата на државата Арканзас, Мајк Хагар. Пукањето се случило во самопослугата Mad Butcher во Фордајс, град со 3.200 жители на околу 70 милји јужно од Литл Рок.
„За жал, можеме да потврдиме дека 11 невини цивили се ранети, а тројца од нив загинале. Двајца полицајци се ранети во размената на оган. Осомничениот исто така бил застрелан и приведен“, рече Хагар. Тој не ги објасни околностите на пукањето, ниту одговори на прашања.
Ранетите полицајци и осомничениот се очекува да преживеат, рече тој.
Гувернерката Сара Хакаби Сандерс на платформата на социјалните мрежи Х изјави дека е информирана за инцидентот. „Благодарна сум на полициските сили и на оние кои први реагираа за нивната брза и херојска акција за спасување животи“, рече таа.