Прослави во Газа и во Израел. Се слави на улиците на енклавата, прославуваат семејствата на заложниците по почетниот договор за постигнување мир.
Прекинот на огнот во Газа ќе стапи на сила откако израелската влада ќе го ратификува договорот вечерва, објави официјален претставник од канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
За попладне е закажан состанок на израелскиот кабинет за безбедност, по што ќе следи состанок на кабинетот каде што договорот ќе биде официјално одобрен.
Во меѓувреме, египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси објави дека е постигнат формален договор за воспоставување прекин на огнот и завршување на војната во Газа.
„Договорот за првата фаза од планот на Трамп за завршување на војната меѓу Израел и Хамас во Газа стапи на сила“, објави египетската државна телевизија Ал Кахера њуз, пренесува Ројтерс.