ВИДЕО: Русија праќа колони воени возила на пат кон Курск

Од:

Москва преместува дополнителни сили во регионот Курс за да се спротивстави на украинските војници, соопшти руското Министерство за одбрана.

Да потсетиме, украинските сили во вторникот ја нападнаа областа Курск. Ова е најдлабокиот украински упад на руска територија.

Колони со повеќецевни ракетни системи „Град“, артилерија и тенкови се упатија кон областа каде Украина изврши прекуграничен упад. Во средата Русија прогласи вонредна состојба во областа Курск.

Борбите во моментов се водат на неколку десетици километри од Курчатов, град во јужна Русија каде се наоѓа нуклеарната централа Курск, потврди градоначалникот Игор Корпунков во објава на Телеграм.

Корпунков нагласи дека сите служби и капацитети, особено градската администрација, работат вообичаено. Тој ги повика мештаните да не паничат.

Јас сум во градот, во мојата канцеларија и ја имам ситуацијата под контрола“, рече тој.

Некои руски воени блогери, вклучувајќи го и рускиот воен дописник Александар Сладков, шпекулираат дека украинските сили планираат да ја преземат контролата врз нуклеарната централа Курчатов. Украина не ги коментираше настаните во регионот Курск.

Експертите на Институтот за проучување на војната (ISW), анализирајќи ги собраните податоци, го потврдија напредувањето на украинските сили до 10 километри длабоко во областа Курск.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски