Со вперен калашњиков во вратот, австрискиот студент моли за спас и откуп од киднаперите пред камера. Оваа шокантна и потресна снимка го обиколи денеска светот.
Доминик Неубауер е студент од Виена, кој на 21. декември минатата година беше киднапиран заедно со брачниот пар од Финска, во главниот град на Јемен.
Неколку недели беше заложник на јеменското племе во регионот Кавлан, а потоа беше предаден на Ал-каеда.
На видео снимката која е објавена на Јутјуб, Неубауер е видно уплашен и низ солзи моли да се плати откупот за него. Во спротивно, како што вели, ќе го убијат во рок од седум дена.
За цело време додека се обраќа на јавноста, киднаперот држи AK-47 калашњиков вперен во неговиот врат.
Објавената снимка е прв пат како киднапираниот студент се обраќа на загриженото семејство.
-Мамо, тато, Лукас и Анѓела. Ве сакам повеќе од било што на светот, им порача Доминик.