Камион што носел огномети за кинеската новогодишна прослава експлодираше на автопатски мост близу Санменксиа и усмрти најмалку 26 луѓе, пишуваат кинеските медиуми.
Јачината на експлозијата исфрли шест коли во клисурата под мостот Јиханг и скрши прозори на блиските локали за сервис. Јужната страна на мостот е целосно срушена, а северната е нестабилна. Според цитирани експерти силата на експлозијата на огнометите може да сруши цел мост, што предизвика грижа за кинескиот квалитет на инфраструктурата.
Оваа незгода не е прва за време на кинеската новогодишна прослава, што оваа година е на 10-ти февруари. Минатогодишната прослава имало околу 6 илјади пријавени незгоди со огномет. Во 2006-та година биле убиени 367 лица за време на саем во Хенан кога ескплодирала собата со огномети, а шест години претходно експлозија во нелиценцирана фабрика за огномети уби 33 лица меѓу кои повеќето беа деца.
Кинеската влада ги забрана огнометите од 1993 до 2005-та година, кога забраната беше тргната поради висок притисок од граѓаните.