(ВИДЕО) Јован Костадинов дочекан како херојот во гимназијата „Ванчо Прке“ во Виница

Од:

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница, кој спаси 20 млади од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, денеска се врати на училиште по поминати неколку дена на Токсикологија. Неговите соученици и професорите го дочекаа со аплауз.

Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21 живот во трагедијата со пожарот во Кочани, конечно се врати дома, објави денеска на Фејсбук министерот за здравство Арбен Таравари.

„Денеска, со длабока емоција и бескрајна гордост, ви ја споделувам веста дека Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21 живот во трагедијата со пожарот во Кочани, конечно се врати дома. Постојат моменти кога зборовите не се доволни, а ова е еден од нив. Како да се опише душа толку храбра и несебична, која во мигови на паника и опасност не помисли на себе, туку само на другите? Јован, кој има само 19 години, постапил како вистински херој. Влегувал повторно и повторно, не еднаш, не двапати, туку повеќе од 20 пати, за да помогне на оние што биле заробени во пламените. Го ризикуваше сопствениот живот за да спаси други. Неговото тело ги носи лузните од неговото јунаштво, но неговото срце носи нешто далеку поголемо: почитта, восхитот и љубовта на цела нација. Јован не е само херој на Кочани. Тој е херој на целата наша држава. Симбол на тоа што значи да се стави човечноста над стравот. Потсетник за сите нас колку многу може да направи еден човек со големо срце. Добредојде дома, Јован. Твојата приказна ќе живее вечно, во животите што ги спаси, во семејствата што повторно се заедно и во срцата на секој граѓанин што сега го знае твоето име. Во име на сите граѓани, јас ќе кажам едно нешто, јасно и гласно: Никогаш нема да заборавиме“, напиша Таравaри.

Би можело да ве интересира

Првиот од 115-те пациенти на лекување во странство се врати во земјава

А1он

Двајца пациенти од Кочани кои се лекуваат во Ниш се во стабилна состојба

За потешко повредените од дискотеката во Кочани ќе треба подолгорочна и попрофесионална рехабилитација

Горан Наумовски

Се вршат претреси во Кочани и Скопје, се одземаат електронски уреди и докази

Има установи за предшколска возраст, пензионерски домови и училишта кои не ги исполнуваат условите за работа, вели Мицкоски

На домашно лекување одат 12 пациенти од вкупно 39 болнички згрижени по трагедијата во Кочани