ВИДЕО: Јапонија лансираше вселенска ракета, а потоа нареди да се самоуништи поради дефект

Од:

Јапонија објави дека уништила нова ракета што ја лансираше во вселената во вторникот, откако моторот од втората фаза на леталото не се запали. Ракетата H3 висока 57 метри беше лансирана во вторникот од вселенскиот центар Танегашима на Јапонската агенција за воздухопловство (JAXA), откако лансирањето беше прекинато минатиот месец.

H3 го носеше АЛОС-3, сателит за набљудување и управување со катастрофи во орбитата, кој исто така е опремен да детектира лансирање на севернокорејски балистички ракети.

Но, JAXA рече дека го испратила сигналот за самоуништување на ракетата по дефект на моторот, што е удар за напорите на Јапонија да го прошири пристапот до вселената и да се натпреварува на глобалниот пазар за лансирање ракети.

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он