(ВИДЕО) Израелската армија ослободила двајца заложници

Од:

Израелската армија објави дека ослободила двајца заложници за време на рацијата на нејзините специјални сили синоќа во Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа. Заложниците биле однесени во болницата Шеба во централниот дел на Израел каде што биле прегледани и било утврдено дека се во добра состојба.

Армијата објави дека се ослободени 60-годишниот Фернандо Симон Марман и 70-годишниот Луис Хар. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант на X, поранешен Твитер, објави дека станува збор за „импресивна операција за ослободување“, додавајќи дека ја следи операцијата од Командниот центар заедно со премиерот Бенјамин Нетанјаху и високи воени команданти.

Според CNN, и двајцата заложници биле киднапирани од Кибуц Нир Јицак на 7 октомври за време на упадот на Хамас во јужен Израел. Исламистичките милитанти во таа прилика убија околу 1.200 луѓе, главно цивили, а околу 240 од нив киднапираа и ги одведоа во Газа.

Би можело да ве интересира

Се подготвуваа конечната верзија на мировниот договор Израел-Хамас

Над 60 загинати во денешниот израелски напад во Газа

Горан Наумовски

Израелската армија упадна во градот Хеброн и ја затвори џамијата Ибрахими

Горан Наумовски

Израел и Хамас договорија три паузи во Газа

Горан Наумовски

Галант предложи проширување на воените цели во Газа

Кирби: Преговорите за Газа не пропаднаа, во Каиро е постигнат напредок