Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија видео од оружје, наводно пронајдено за време на рацијата во болницата Ал Шифа. Тие тврдат дека припадниците на елитната единица Шалдаг и припадниците на 36-тата дивизија го пронашле оружјето во центарот за магнетна резонанца во болницата.
IDF releases evidence of Hamas weapons found inside Shifa Hospital's MRI center, during the raid by the elite Shaldag unit and other forces of the 36th Division inside the medical center today. pic.twitter.com/HrtzHmpELR
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) November 15, 2023
Тие додадоа дека се судриле со вооружените лица на Хамас пред болницата, при што биле убиени петмина милитанти.
„За време на претресот во едно од одделенијата на болницата, војниците пронајдоа просторија во која има уникатни технолошки средства, борбена опрема и воена опрема што ги користи терористичката организација Хамас“, соопшти ИДФ.
На објавените слики и видеа се гледаат пушки, гранати и друга воена опрема. ИДФ соопшти дека оперативниот штаб на Хамас и „технолошките средства“, за кои се вели дека укажуваат на употреба на објектот за тероризам од страна на Хамас биле пронајдени во друго болничко одделение.
Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари на вечерашната конференција изјави дека израелските сили пронашле униформи на Хамас „кои биле фрлени на подот на болницата за да можат терористите да избегаат облечени како цивили“.
„Овие наоди недвосмислено докажуваат дека болницата била користена за тероризам, со целосно кршење на меѓународното право“, нагласи тој.