(ВИДЕО) Изненадувачки потег на папата – се појави на молитва

Од:

Папата Франциск, кој се опоравува од билатерална пневмонија, денеска направи уште едно неочекувано излегување, отиде во базиликата Света Марија Велика да се помоли, објави прес-службата на Ватикан на Telegram.

Папата „во раните попладневни часови отиде во базиликата Света Марија Велика и се помоли пред иконата на Богородица во пресрет на Цветници и Страсната седмица“, соопшти Ватикан.

88-годишниот папа, кој се опоравува од пневмонија, во последните денови имаше неколку изненадувачки појави.

Франциск во неделата неочекувано се појави за првпат пред базиликата Свети Петар за да ги поздрави верниците, пред да го прими кралот на Англија, Чарлс III, во средата на приватна аудиенција, иако нивната средба првично беше откажана.

Тој во четвртокот ја посети и базиликата Свети Петар за да изврши увид во реставраторските работи и да се поклони на гробот на Пие X, поздравувајќи ги верниците и реставраторите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Конклавата почнува утре, двајца фаворити за нов папа

ВИДЕО: Ватикан се подготвува, поставен оџак на Сикстинската капела

Катерина Ѓуровски

Објавени фотографии од гробот на папата

Катерина Ѓуровски

Погребан папата Франциск

Предраг Петровиќ

Пристигна во Рим во најскап стајлинг, а на погребот на папата беше непрепознатлива

ЖИВО: Почна погребната церемонија на папата Франциск, обезбедување од 4.000 полицајци