Џулијан Асанж се рати во Австралија. Тој конечно е слободен откако се спогоди со американскиот суд и призна вина за едно од предвидените 18 обвиненија поротив него. На аеродромот го пречекаа сопругата и татко му.
JULIAN ASSANGE IS FREE!!
Watch here: https://t.co/7PlI9fnSMG#AssangeFreed #JournalismIsNotACrime pic.twitter.com/Kpbh63CCCB
— Free Assange – #FreeAssange (@FreeAssangeNews) June 26, 2024
„Милиони луѓе од целиот свет го овозможија ова, здружувајќи се да го променат политичкото окружување. Ова е победа на сите поддржувачи на Асанж“, изјави претходно Стела Асанж.
Асанж помина пет години во затвор во Лондон и седум години во еквадорската амбасада во Велика Британија, борејќи се против екстрадиција во САД, каде што беше баран за 18 кривични дела според законот за шпионажа.
„Работејќи како новинар, јас го охрабрував мојот извор да ми обезбедува доверливи документи, со цел да бидат објавени. Верував дека Првиот амандман ја штити таа активност, но прифаќам дека тоа беше кршење на законот за шпионажа“, кажа Асанж на денешното сослушување.