(ВИДЕО) Историски момент: Во километарски колони Сиријците се враќаат во Дамаск

Од:

Снимки од воздух покажуваат дека доцна синоќа се формирале долги колони возила на патиштата кои водат кон Дамаск, но и во спротивна насока, откако сириската престолнина беше ослободена од режимските сили, јавува Анадолија.

Сиријците кои со години го чекаа падот на режимот на Башар ал Асад се упатија кон главниот град што го ослободија.

Ослободувањето на Дамаск и другите сириски градови беше прославено низ земјата и регионот, но и во светот. Многу Сиријци почнаа да се враќаат во својата татковина од соседен Либан.

Сирија веќе 13 години е во граѓанска војна, а по период на релативна смиреност, на 27 ноември повторно избија судири меѓу силите на режимот на Асад и антирежимските групи во руралните области западно од Алепо.

Опозициските сили потоа започнаа молскавична офанзива и за десет дена ги освоија клучните градови, а вчера завршија со заземање на главниот град Дамаск.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Асад сам ја донел одлуката да се повлече и да ја напушти Сирија. Подоцна беше објавено дека Асад и неговото семејство пристигнале во Москва бидејќи Русија им дала азил.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права