(ВИДЕО) Исламските бунтовници во Сирија ја окупираа палатата на претседателот Башар ал Асад

Од:

Исламските бунтовници во Сирија, кои го окупираа градот Алепо, упаднаа и во палатата на претседателот Башар ал Асад. Сириските бунтовници објавија снимки од нивниот напад, како и снимки од она што го пронашле во претседателската палата, а со тоа открија лични моменти од животот на сирискиот претседател, преку фотографии пронајдени во палатата.


Алепо, инаку, е град на северот на Сирија, а сега е најсилното упориште на исламските бунтовници.


Овие слики, објавени и на социјалната мрежа Х, привлекоа внимание бидејќи на нив се гледа Асад во приватни моменти од младоста.


Да потсетиме дека исламистите по заземањето на Алепо продолжија со напредувањето и го зазедоа градот Хама.

Според аналитичарите, заземањето на тој град им го отвора патот понатаму да напредуваат кон Дамаск, главниот град на Сирија.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад