ВИДЕО: Исчезна „невидливиот авион“, па се појави снимка: „Госпоѓо, не сум сигурен каде ми е авионот“

Од:

Пред неколку дена исчезна американски борбен авион и му се изгуби секаква трага некаде над Јужна Каролина, откако пилотот се катапултираше.

Воен пилот безбедно се катапултира од F-35B Lightning II над Северен Чарлстон во неделата попладне по проблеми за време на летот, а сега е објавено четириминутно видео кое ги прикажува бизарните околности на слетувањето.

На снимката, се слушаат три неидентификувани лица, а околностите се прилично бизарни.

Имено, едно од лицата е жител на Северен Чарлстон кој смирено објаснува дека пилотот само што паднал со падобран во неговиот двор, потоа е пилотот кој не знае што се случило со неговиот борбен авион, додека третото лице е збунета диспечерка кој се обидува да разбере сè.

„Имаме пилот во куќата и претпоставувам дека слета во мојот двор. Се обидуваме да организираме брза помош да дојде до куќата, ве молам“, вели сопственикот на куќата во чиј двор слета пилотот.

47-годишниот пилот рекол дека се чувствува добро, само што го боли грбот.

Сопственикот на куќата рече дека пилотот изгледал добро кога го нашол во дворот.

„Госпоѓо, се урна воен авион. Јас сум пилотот. Треба да ми испратите медицинска помош. Не сум сигурен каде е мојот авион, некаде се урнал. Се катапултирав“, му вели пилотот на диспечерката.

Подоцна во повикот тој уште еднаш побарал лекарска помош.

„Госпоѓо, јас сум пилот на воздухопловните сили и се катапултирав. Само што паднав со падобран на земја. Може ли да испратите брза помош“, вели пилотот.

Пилотот успешно слетал со падобран околу 14:00 часот, по што бил пренесен во блиската болница каде што било утврдено дека е во стабилна состојба, изјави Мелани Салинас.

Името на пилотот не е објавено.

Борбениот авион, за кој Маринскиот корпус соопшти дека бил на височина од само околу 1.000 стапки, продолжил да лета 100 километри додека не се урнал во рурална област во близина на Индијантаун.

Беше потребно повеќе од еден ден за да се лоцираат остатоците. Остануваат голем број прашања за падот, особено зошто авионот не бил следен додека продолжил да лета над Јужна Каролина и како потрагата по огромниот борбен авион можела да трае повеќе од еден ден.

Американските маринци одговорија дека во случај на катапултирање, комуникациите се бришат од безбедносни причини, за да се заштити локацијата на пилотот и тајните системи на авионот, па тоа може да го отежне извлекувањето.

„По катапултирање на пилотот, леталото е дизајнирано да ги избрише сите комуникации“, објаснија маринците, пренесува АП.

Инцидентот сè уште е под истрага, а резултатите од официјалниот одбор за преглед може да бидат неколку месеци.

Би можело да ве интересира

Американците изгубија „невидлив авион“, реакциите се урнебесни: Можеби уште лета

Јапонија: Борбен авион Ф-35 исчезна од радарите над Пацификот