ВИДЕО: Иран со нова балистичка ракета им се заканува на американските бази

Од:

Иран претстави нова балистичка ракета со дострел до 1.200 километри, објавија државните медиуми. „Балистичката ракета со цврсто гориво Гасем Басир, со дострел од најмалку 1.200 километри, е најновото одбранбено достигнување на Иран“, објави иранската државна телевизија.

Западните земји се загрижени за напредокот на иранската програма за балистички проектили, која веќе беше обвинета за дестабилизација на Блискиот Исток, и чии ракетни способности го ставаат Израел, неговиот заколнат непријател, во опсегот на гаѓање. Државната телевизија објави видео од истрелувањето на новата ракета за време на интервјуто со министерот за одбрана, генерал Азиз Насирзадех.

„Доколку не нападнат и започне војна против нас, ние ќе возвратиме насилно и ќе ги таргетираме нивните интереси и бази“, рече министерот. Тој додаде дека Иран „нема непријателство кон соседните земји, но американските бази се ирански цели“.

Откривањето на новата ракета доаѓа додека Техеран и Вашингтон водат разговори со посредство на Оман од 12 април, први на тоа ниво откако САД се повлекоа од меѓународниот договор за ограничување на иранската нуклеарна програма. На почетокот на мај, американскиот државен секретар Марко Рубио го повика Иран во интервју за Фокс њуз „да се откаже од производството на ракети со долг дострел кои немаат друга цел освен поседување нуклеарно оружје“.

На 27 април, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повика на договор со Техеран со кој „ќе се елиминира капацитетот на Иран за збогатување ураниум“ и ќе му се одземат балистичките ракети.

Техеран отфрли какви било разговори со Вашингтон за неговите воени и одбранбени способности, вклучувајќи ја и неговата програма за балистички проектили.

Трамп се закани дека ќе го бомбардира Иран доколку не успее дипломатијата и воведе дополнителни санкции за иранскиот нафтен сектор. На почетокот на февруари, Иран претстави уште една балистичка ракета, со наводен дострел до 1.700 километри.

Би можело да ве интересира

Аракчи: Иран има право да поседува нуклеарно гориво

Израел: Договорот со Иран мора да вклучува уништување на нуклеарната инфраструктура

Иран: Спречен еден од најголемите сајбер напади врз иранската инфраструктура

(ВИДЕО) Експлодирало воено гориво, 25 мртви и 800 повредени, објавени детали

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Објавена снимка од самиот почеток на огромна експлозија во иранско пристаниште

Предраг Петровиќ

САД воведоа нови санкции кон Иран: Трамп има „недостаток на добра волја“

Горан Наумовски