Бикрам Синг Брама, конгресмен на северноиндиската држава Асам, бил претепан за време на неговата посета на селото Сантипур под обвинение на жителите дека силувал една жена во чија куќа влегол во два часот по полноќ. Инцидентот, според странските медиуми, покажува дека јавните ставови кон силувачите во Индија се промени по монструозното силување и претепување до смрт на 23-годишната студентка во автобус во Њу Делхи
Индискиот политичар селаните на Сантипура го нападнале додека сеуште престојувал во селото, а Кумар Санџев Кришна, шеф на локалната полиција, рече дека биле известени дека Брама силувал жена во ова село на границата со Бутан.
Иако избегнал линч, Брама добил неколку удари од мажите, за потоа да го опколат жените и почнат да му ја кинат облеката и го тепаат. Селаните потоа го предале политичарот на полицајците кои го уапсиле.
Во меѓувреме во Њу Делхи, петте силувачи од автобусот, вклучувајќи и еден малолетник, се под полициска заштита и се уште не се изведени пред суд поради страв на власта дека би можело да дојде до линч.
Според обвинението, во кое увид имал весникот “Хиндустан тајмс”, најмладиот силувач ги искорнал со рака внатрешните органи на 23-годишната студентка, а потоа двапати ја силувал онесвестена и полумртва. Малолетникот, исто така, според обвинението,предложил несреќната девојка да се исфрли гола од автобусот.