ВИДЕО: Индиската полиција во Мумбај заплени четири камиони со пари, злато и накит

Од:

Индиските истражни органи запленија повеќе од 100 вреќи со пари, злато и накит со дијаманти, во текот на препадот врз четири камиони во Мумбај, што е една од најголемите запленувања во овој град, соопштија денеска индиските власти.

Даночниците и антитерористичките испектори во понеделникот вечерта, по дојава, извршиле рација на јужната железничка станица во Мумбај и испитале 45 лица по што следела заплената на скапоценостите, изјави директорот на даночната служба Сватантра Кумар.

-Вредноста на парите надминува 100 милиони рупии (1,7 милиони долари), а вредноста на накитот и златото се уште се проценува, изјави Кумар за француските медиуми.

Даночниците веруваат дека парите и скапоцените камења биле транспортирани во државата Гуџарат, северно од Мумбај, како дел од „хавала“ работата, објави агенцијата Прес траст оф Индија (ПТИ).

„Хавала“ во жаргон значи илегално пренесување пари низ Индија, со кои се заобиколува регуларниот банкарски систем. Тоа е популарен начин на трансфер меѓу обичните корисници кои испраќаат помали суми, но е и рај за криминалците и оние кои сакаат да го избегнат плаќањето данок.

Според ПТИ, куририте патувале во придружба на полицајци, кои објасниле дека редовна пракса на органите на редот е да ги следат пратките со големи износи и вредности за да се спречат грабежи.

Заменик комесарот на полицијата Нисар Тамболи изјави дека во 15-те последни години вообичаена пракса е локалните полициски станици да ја обезбедуваат придружбата на куририте со вредни пратки за да се спречеле кражби на пари и убиства на курири.

Висок претставник на полицијата за агенцијата ПТИ изјавил дека не е работа на полицијата да проверува дали кешот, златото и накитот се легални и дали за нив е платен данокот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати