ВИДЕО: Индијци изградија десеткатна зграда за 48 часа

Од:

Индиски градежници тврдат дека поставиле светски рекорд со изградбата на десеткатна зграда за 48 часа.

Зградата наречена Инстакон била завршена многу побрзо од договорениот краен рок, кој бил синоќа.

Вкупно околу 200 работници, меѓу кои 25 технички раководители и инженери, работеле со огромна брзина во сверниот индиски град Мохали од четврток до сабота.  Првите 24 часа успеале да кренат седум ката.

Квалитетот на градежните работи на зградата, која требала да биде отпорна на силни земјотреси, бил надгледуван од национална научна агенција.

Објектот е изгрден од челик и готови плочи. Клима уредите, осветлувањето и бањите ќе бидат завршени дополнително.

– Главниот услов ни беше да ја изградиме зградата за 48 часа и да докажеме дека тоа е можно, изјави еден од инженерите на проектот.

Идејата за ваков невообичаен рекорд била на сопственикот на градежната компанија Харпал Сингх, а се појавила кога изградбата на неговата куќа се забавила поради не доаѓањето на работа на градежните работници. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати