(ВИДЕО) Илјадници мртви и уапсени во протестите во Иран: интернет уште нема, Трамп се заканува

Од:

Повеќе од 2.400 демонстранти се убиени, а над 18.000 се уапсени откако иранските власти започнаа со задушување на протестите минатиот месец, според податоците на американската организација за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“. Си-Би-Ес објави дека се стравува дека бројот на жртви би можел да биде над 12.000.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги повика иранските демонстранти да продолжат со протестите, велејќи дека „помошта е на пат“. Тој го предупреди Иран да не ги погубува демонстрантите и најави дека САД ќе преземат „силни мерки“ како одговор. Американскиот Стејт департмент изрази страв дека еден од демонстрантите би можел да биде погубен денес.

Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД ќе преземат „многу силни мерки“ против Иран доколку ги погуби демонстрантите, додека организациите за човекови права велат дека повеќе од 2.400 антивладини демонстранти се убиени во насилното задушување од страна на иранските власти.

Во изјава за CBS News, Трамп рече: „Ако ги обесат, ќе видите некои работи… Ќе преземеме многу силни мерки ако направат нешто такво“.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 3.000 луѓе загинаа во протестите во Иран

А1он

Иранка која избега од Техеран сведочи: „Гардистите им пукаат на сите во глава“

Фидан: Турција се противи на насилство врз Иран, дијалогот е единствениот пат

Ниту еден македонски државјанин не побарал помош за евакуација од Иран

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

ВИДЕО: Иран заплени десетици антени на „Старлинк“