Грузиските специјалци ги растераа демонстрантите кои вечерва повторно протестираа пред зградата на парламентот во Тбилиси, пренесе РИА Новости.
The fifth day of protests in Tbilisi, Georgia. pic.twitter.com/N1bQMa2mOE
— Val Egoroff (@Val_Egorov) December 2, 2024
Специјалните сили употребија опрема за разбивање на демонстрациите, а неколку лица беа приведени.
За време на конфликтот, демонстрантите користеле пиротехнички средства и ги фрлале врз припадниците на специјалните сили, кои употребиле водени топови за да ги пробијат.
Грузиското Министерство за внатрешни работи соопшти дека демонстрантите фрлале камења и стаклени шишиња кон полицијата.