(ВИДЕО) Хаос во Тбилиси: Полицијата со водени топови и солзавец против демонстрантите

Од:

Во Тбилиси и денеска повторно се одржуваат протести на кои демонстрантите бараат предвремени избори, а што полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги одврати демонстрантите од зградата на Парламентот.

Еден дел од полициските сили за разбивање на демонстрациите се распоредени на главната авенија во Тбилиси, додека други се обидуваат да ги спречат демонстрантите да влезат во зградата на Парламентот.

Ова е втор ден протести кои почнаа откако Парламентот минатата недела не успеа ги усвои планираните изборни реформи, односно преминување на целосна пропорционална застапеност од сегашниот мешан систем.

Полицијата уапсила неколку демонстранти, а организаторите тврдат дека се приведени десетина лица.

Вчера во Тбилиси демонстрираа околу 20.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Захарова: Поради Зурабишвили, Грузија беше на работ на граѓански конфликт

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Илјадници луѓе протестираат во Грузија пред инаугурацијата на новиот претседател

Кобахидзе: Либералниот фашизам нема шанси за победа

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија