Стотици приврзаници на поранешниот американски претседател Доналд Трамп протестираат пред судницата каде што беше уапсен поранешниот претседател на САД, а од другата страна пристигнаа и контрадемонстранти. Припадници на њујоршката полиција стојат меѓу двете групи кои си разменуваат навреди.
Противниците на Трамп пред судот развиорија транспарент на кој пишуваше дека „лаже цело време“ и извикуваа „затворете го“, додека другата страна беше вооружена со облека и транспаренти со слоганот на Трамп „Направи ја Америка повторно голема“ и знаме на кое пишува „Трамп или смрт“.
BREAKING: MASSIVE banner displayed in front of Manhattan Courthouse reading “Trump Lies All the Time” prompts a fight between those gathered in front #TrumpIndictment pic.twitter.com/bcX9IG3Qsp
— Meech Memez (@MeechMemez) April 4, 2023
Една обожавателка на Трамп, се фрли на транспарентот и се обиде да го искине. Настана расправија со дел од пристутните противници на Трамп, по што та и се втурна во лица на една жена и и викаше: „Имам ковид, сериозно, имам КОВИД!“
Друг поддржувач на Трамп извика „Е*ам белци!“. Пратеничката Марџори Тејлор Грин, жестока поддржувачка на Трамп, беше нападната од демонстранти против Трамп кои извикуваа „нацисти“ и „врати се во Џорџија, ку*во“.