Терористичката организација Хамас ослободи група заложници од Појасот Газа.
LIVE: Rafah crossing as Israel and Hamas agree to ceasefire https://t.co/Tnm8neezgm
— Reuters (@Reuters) November 24, 2023
„Првата група израелски заложници сега се во рацете на персоналот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и се во амбулантни возила на излегување од Газа преку преминот Рафах“, изјави израелски претставник.
Тие ќе бидат ослободени во замена за 39 палестински затвореници што ќе ги ослободи Израел.
Се очекува заложниците да бидат донесени на преминот Рафах на границата со Египет.
На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа моменталната состојба на граничниот премин.
Тајландскиот премиер соопшти дека денеска Хамас ослободил 12 нивни државјани, кои не биле дел од договорот меѓу Израел и Хамас.
Израелската војска претходно денеска соопшти дека „подготвила“ неколку локации за пристигнување на ослободените заложници и дека тие ќе бидат упатени во болниците за да се обединат со своите семејства откако ќе бидат прегледани.
Ослободувањето на заложниците е дел од договорот за четиридневен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.