Пропалестински демонстранти одржаа протести во Лондон, Берлин, Париз, Анкара и Истанбул за да повикаат на прекин на огнот во Газа и да го критикуваат Израел, чија војска ги засили нападите врз палестинската исламистичка група Хамас.
Во Лондон големи групи луѓе блокираа делови од центарот на градот пред да се упатат кон плоштадот Трафалгар.
Демонстрантите носеа натписи „Слобода за Палестина“ и извикуваа „Примирје сега“ и „Илјадници, милиони од нас, сите ние сме Палестинци“.
This demo in a trafalgar Square is so big that it's spilling out onto the roads. #FreePalestine pic.twitter.com/YFPpSTzyMz
— Central London Anti-Fascists (@CentralAnti) November 4, 2023
Полицијата соопшти дека привела единаесет лица. Едно лице е уапсено поради држење на транспарент кој може да поттикне омраза, со што е прекршен законот за тероризам.
Илјадници луѓе маршираа низ центарот на Париз, каде повикаа на прекин на огнот со знаци како „Стоп за циклусот на насилство“ и „Да не се прави ништо, да се каже ништо значи да се биде соучесник“.
Тоа беше еден од првите големи пропалестински собири што беа дозволени во Париз по нападот на Хамас на 7 октомври.
Француските власти забранија некои претходни пропалестински демонстрации поради загриженоста за јавниот ред и мир.
„Денеска дојдовме да ја покажеме француската солидарност со палестинскиот народ и нашата поддршка за мирот, за мирно решение со две држави, израелската држава и палестинската држава“, рече еден од демонстрантите.
Sans doute plus de 10.000 personnes se sont rendues à Paris pour la manifestation pour un cessez-le-feu à Gaza à l'appel de Urgence Palestine#GazaGenocide #IsraelPalestineConflict pic.twitter.com/5tzn6SHAoI
— Arnaud César Vilette (@ArnaudCesarV) November 4, 2023
Демонстрантите во Берлин вееја палестински знамиња и бараа примирје.
Стотици демонстранти се собраа во Истанбул и Анкара, еден ден пред посетата на американскиот државен секретар Антони Блинкен на Турција за да разговараат за Газа.
Демонстрантите во паркот Сарачане во Истанбул носеа натписи на кои пишуваше „Блинкен, учесник во масакрот, оди си од Турција“, покрај фотографијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со Блинкен и голема црвена буква „Х“.
Aktuelle Bilder aus #Berlin pic.twitter.com/neAcRvBz63
— Anabel Schunke (@ainyrockstar) November 4, 2023
„Децата умираат, бебињата умираат, ги бомбардираат“, рече 45-годишната учителка Гулсум Алпај.
Снимката од Анкара покажува дека демонстрантите собрани во близина на американската амбасада извикуваат слогани и држат транспаренти на кои пишува: „Израел бомбардира болници, (американскиот претседател Џо) Бајден плаќа за тоа“.