Утрово руските сили извршија нов ракетен напад врз Киев, главниот град на Украина. Сирените за воздушен напад се огласија околу 5 часот наутро, а повеќе независни новинари објавија за експлозии над градот, најверојатно предизвикани од украинската противвоздушна одбрана.
Large Russian missile attack targeted Ukraine's Kyiv, Kharkiv and several other Ukrainian cities earlier this morning. pic.twitter.com/Uf14ZiRu5S
— Clash Report (@clashreport) January 23, 2024
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека во рускиот ракетен напад биле оштетени неколку станбени згради, а најмалку 20 лица се ранети. Во Соломјанскиот кварт е уништен влезот на повеќекатница, а спасувачите трагаат по преживеани под урнатините. Шест лица се пренесени во болница, а на лице место лекарска помош добило 13-годишно момче.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа уривањето на руски проектил над Киев утрово.
Во погодените реони делумно е во прекин снабдувањето со електрична енергија и вода, а технички екипи работат на поправка.