ВИДЕО: Голем протест против ковид мерките во Брисел, хаос на улиците

Од:

Стотици луѓе денеска маршираа во центарот на Брисел пртоив заострените мерки за борба против ширењето на коронавирусот.

Поради зголемениот број на заболени од Ковид-19, владата ги заостри мерките за да го заштити од оптоварување зсравствениот систем кој поради налетот на ковид пациенти не е во можност да ги лекува заболените од карцином и други опасни заболувања.

Извикувајќи „Слобода! и носејќи транспаренти на кои пишуваше „Обединети за нашата слобода, права и нашите деца“, луѓето маршираа до седиштето на Европската унија. Некои носеа транспаренти со критики за вакцините и слогани против вакцините да бидат задолжителни.

Поголемиот дел од демонстрантите кои мирно протестираа веќе беа разотидени кога група од околу 100 лица налета на полицијата која го блокираше пристапот до зградата на Европската Комисија.

Во краткиот судир со полицијата демонстрантите фрлаа кон силите на редот ѓубре и предмети, фрлаа петарди и палеа факели.

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера.

Со оглед на најголемиот пораст на случаи кај децата, белгискиот премиер Александар Де Кро во петокот рече дека носењето маска ќе биде задолжително за сите деца на возраст над шест години. Децата постари од 10 години и досега беа обврзани да носат маска. Основните училишта ќе бидат затворени за божиќните и новогодишните празници една недела порано, а средните училишта ќе преминат на хибриден систем, па половина од наставата ќе ја следат од дома.

Собирите во затворени простории се ограничени на 200. Владата претходно ги затвори ноќните клубови и нареди баровите и рестораните да бидат затворени во 23 часот на три недели. Се шпекулираше дека времето на нивното затворање ќе биде поместено за 20 часот, но Владата засега се одлучи против тоа.

Би можело да ве интересира

Официјален Брисел криеше дека Фон дер Лајен е во болница

Немири во Брисел, уапсени 159 лица

Усвоена е декларација во Брисел: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Мицкоски, Муцунски и Муртезани во Брисел

Бесиан Ахмети, внукот на Али Ахмети, отповикан од амбасадата во Брисел

A1on

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски