ВИДЕО: Голем пожар во Мадрид, гори хотелот „Нуево“

Од:

Голем пожар избувна во хотелот„ Нуево“ во Мадрид, а снимките покажуваат како високи пламени јазици и столб од црн чад се издига од маркантната висококатница во шпанскиот главен град. Може да се забележи дека дури и буквите на таблата на покривот на хотелот се во оган.

Хотелот се наоѓа веднаш до северниот дел од главната обиколница М-30 во Мадрид. Првичните извештаи на шпанските медиуми наведуваат дека сè уште нема индиции за причината за пожарот, ниту дали има повредени.

Најмалку пет противпожарни екипи се обидуваат да ја скротат огнената стихија.

Отворен во 2005 година, хотелот со 225 соби е познат по својот импресивен атриум висок 40 метри.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени