(ВИДЕО) Гаф на Доналд Трамп, ги помеша Ерменија и Албанија

Од:

За време на интервју за „Фокс њуз“, американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста – овој пат поради еден пропуст во кој ја замени Ерменија со Албанија додека зборуваше за конфликтот во Нагорно-Карабах.

„Ги завршив војните за кои се сметаше дека се нерешливи. Азербејџан и Албанија. Траеше многу, многу години“, рече тој.

Во август, со посредство на американскиот претседател, Ерменија и Азербејџан потпишаа мировна декларација.

Двете земји се согласија да работат на создавање клучен транспортен коридор под надзор на САД.

Во истото интервју за „Фокс њуз“, Трамп зборуваше и за Путин, каде што истакна дека долго време одржува добри односи со него, но изрази фрустрација поради неуспехот да се стави крај на конфликтот во Украина.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски одби моќна американска муниција бидејќи нема авиони

А1он

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Трамп повторно објави мапа: Овојпат Ормускиот теснец го нарече „Трампов теснец“

Белата куќа му забрани на Си-Ен-Ен да патува со Трамп во „Ер форс 1“

ВИДЕО: Читачка на усни откри што наводно зборувале Венс, неговата сопруга и Иванка Трамп за време на пречекот на Си

Предраг Петровиќ

Доналд Трамп и Володимир Зеленски се сретнаа во Њујорк

А1он