Најголемиот активен вулкан во Европа, Етна, повторно се разбуди минатата ноќ. ББеше тоа седмата ерупција на Етна оваа година, но, исто така, и една од најспектакуларните. Повеќе од еден час вулканот исфрлаше лава, пепел и камења, што предизвика паника меѓу жителите на околните села.
“Камењата паѓаа од небо, а ерупцијата беше толку гласна што сите не разбуди. Оштетени ни се автомобилите, речиси целото село е покриено со пепел”, им раскажа еден од жителите на италијанските медиуми.
Сепак, властите не сметаа дека постои сериозна закана за жителите и не издадоа никакво предупредување, ниту пак беше потребно да се спроведе евакуација.
“Будењето” на Етна стана вообичаена појава за локалното население. За само два месеци од оваа година еруптираше дури седум пати.