ВИДЕО: Етна повторно се закани, камења паѓаа од небото

Од:

Италијанскиот вулкан Етна денеска повторно исфрли пепел, а со помош на ветрот чадот и пепелта се кренаа многу високо во воздухот и стигнаа до пристанишниот град Катанија.

Вулканот испушти и послаби млазеви од лава, а Вулканолошкиот институт ИНГВ соопшти дека е тоа осмиот „пароксизам“ за време на последните активности на вулканот, пренесе Анса.

Како наведе агенцијата, вулканската пепел падна и на помалите градови и села во подножјето на планината Етна, како што се Николоси, Трекестањи, Педара, Сан Антонио и Сан Грегорио.

Етна се наоѓа на источниот брег на Сицилија и е највисокиот вулкан во Европа и е еден од најактивните во светот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулканот Етна: Темна прашина ги покри куќите и улиците низ Катанија

ВИДЕО: Еруптираше Етна, запрени летови на Сицилија

(ВИДЕО) После ерупцијата на Етна, затворени се аеродромите во Катанија, се прават планови за евакуација на населението

Горан Наумовски

Етна повторно почна да исфрла лава и пепел

ВИДЕО: Еруптираше Етна, пепел и лава на Сицилија

Еруптираше Етна и исфрли лава

Горан Наумовски