(ВИДЕО) Еруптираше вулканот Етна: Темна прашина ги покри куќите и улиците низ Катанија

Од:

Вулканот Етна еруптираше во текот на ноќта, поради што беше затворен блискиот аеродром во Катанија, на источниот брег на Сицилија, соопшти денеска италијанскиот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ). Вулканот испуштил големо количество чад и гасови до висина од 9,5 илјади метри. Раководството на аеродромот во Катанија најави дека ќе биде затворен до 18 часот по локално време.

Таа извести дека пепел ги покри авионите и пистите и дека работата ќе продолжи кога инфраструктурата повторно ќе профункционира. „Ги замолуваме патниците да не пристигнуваат на аеродромот пред да го проверат статусот на нивниот лет“, соопштија од аеродромот и предупредија на значителни доцнења.

Темна прашина ги покри куќите и улиците низ Катанија. Етна, висок 3350 метри, е најголемиот активен вулкан во Европа. Често еруптира и е под постојан надзор, а неговите спектакуларни ерупции секогаш привлекуваат голем број љубопитни луѓе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еруптираше Етна, запрени летови на Сицилија

(ВИДЕО) После ерупцијата на Етна, затворени се аеродромите во Катанија, се прават планови за евакуација на населението

Горан Наумовски

Етна повторно почна да исфрла лава и пепел

ВИДЕО: Еруптираше Етна, пепел и лава на Сицилија

Еруптираше Етна и исфрли лава

Горан Наумовски

Сицилија: Затворен аеродромот во Катанија поради ерупција на Етна

Горан Наумовски