(ВИДЕО) Ердоган е на прагот на победа во вториот круг од претседателските избори

Од:

Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција (ЈСК), Ахмет Јенер, официјално истакна дека се пребројани 75,42 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во земјата, јавува Анадолија.

„Претседателот Ердоган води со 53,41 отсто гласови, додека опозицискиот кандидат Киличдароглу има 46,59 отсто од пребројани 75,42 отсто гласови“, рече Јенер во изјавата за медиумите во Анкара.

Поддржувачите на Ердоган вечерва почнаа да се собираат пред претседателската палата во Анкара, каде што започна прославата.

Победата би значела дека Ердоган (69) ќе го продолжи своето 20-годишно владеење за уште пет години.

Би можело да ве интересира

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

Тежок пораз на Ердоган на изборите

Ердоган: Дајте и шанса на дипломатијата, Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ќе ги искористи сите расположливи средства за да го запре угнетувањето во Газа