Во експлозија во индустриската зона североисточно од Москва, повредени се 25 лица, јави руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации.
Експлозијата се случи во фабриката Загорск во градот Сергиев Посад, која исто така произведува опрема за армијата. Наводно експлодирал магацин со пиротехнички средства. Две повредени лица се пренесени во болница. „Според прелиминарните информации, експлозијата не била предизвикана од воени беспилотни летала (UAVs)“, пренесе ТАСС. Фабриката Загорск развива и произведува оптички уреди за војската, агенциите за спроведување на законот, индустријата и здравството.