ВИДЕО: Експлозија и пожар во зградата на руската тајна служба, има и загинати

Од:

Експлозија, а потоа и пожар се случи денеска во утринските часови во зградата на руската тајна служба. Наводно, се работи за оддел за гранична контрола, на околу стотина километри од границата со Украина.

Жителите пријавиле дека слушнале експлозии пред да избие пожарот. Набрзо густ црн чад се проширил по небото, а според локалните власти служби се на терен, пренесува Дејли Мејл.

Во експлозијата загина едно лице, а најмалку две лица се повредени. Според тамошните медиуми, се работи за експлозија на муниција, а во близина има и цистерни со гориво што им создава дополнителни проблеми на пожарникарите.

На социјалните мрежи се објавени снимки од експлозијата и пожарот.

Би можело да ве интересира

Загина пилот на руски бомбардер, Украинците велат „Ги убиваше нашите деца“

А1он

Јулија Навална ќе се кандидира за претседател на Русија

А1он

Нападнат е Киев: Кличко итно се огласи

Русите тврдат дека погодиле воена база во Украина, има загинати и ранети

Украина лансираше 110 дронови кон Русија во текот на ноќта

Русија изврши нов голем воздушен напад врз Украина

Горан Наумовски