Во текот на ноќта Русија ја нападна Украина со 17 беспилотни летала Шахед-131/136, две крстосувачки ракети Искандер-К и една балистичка ракета Искандер-М, насочени кон регионите Одеса, Николаев, Херсон и Кировохрад, соопштија украинските власти.
Во текот на утрото во Одеса се слушнале силни експлозии, а соопштено е дека во рускиот напад биле оштетени енергетски објект, приватна куќа и неколку автомобили, пренесува украинската агенција Униан.
Railway Station of Kostyantynivka town after 🇷🇺#Russia'n strikes /east 🇺🇦#Ukraine pic.twitter.com/WP76ERqZcU
— C4H10FO2P ☠️ (@markito0171) April 10, 2024
Украинските одбранбени сили уништија 14 непријателски нападни беспилотни летала Шахед, соопшти командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, генерал Микола Олешчук.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле пет украински беспилотни летала на небото над областа Брјанск.
"Missile strike on a train with troops, on which the reserves of the Armed Forces of Ukraine were moving from Konstantinovka to Druzhkovka." — Vorpost pic.twitter.com/G0CdJSE0h3
— Tony (@Cyberspec1) April 10, 2024
„Дежурните системи за противвоздушна одбрана уништија пет украински беспилотни летала над територијата на областа Брјанск, се наведува во соопштението на Министерството објавено денеска, пренесува Интерфакс Русија.
Нема извештаи за евентуални жртви или причинета материјална штета во овој напад.