ВИДЕО: Две жртви при пукање во црква во Алабама

Од:

Две лица загинаа, а едно е повредено при пукање во црква во американската држава Алабама. Напаѓачот е уапсен, соопштија денеска властите.

Пукањето се случило за време на собир на мала група луѓе во епископската црква „Свети Стефан“ во Веставија Хилс, град со околу 34.000 жители.

Уапсениот влегол во црквата и пукал, при што повредени се три лица, од кои две им подлегнале на повредите.

– Ова не би требало да се случи никогаш – ниту во црква, ниту во продавница, ниту во градот ниту каде било, изјави гувернерката Кеј Ајви.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање пред ноќен клуб во Алабама, најмалку четири жртви

Градоначалник во САД се самоуби откако протекоа негови фотографии во женска облека

Тинејџер застрела петмина роднини во Алабама