(ВИДЕО) Драма во Грузија: разбојник со автоматска пушка и бомба држи 20 заложници во банка

Од:

Неидентификуван напаѓач држи околу 20 луѓе како заложници во експозитура на Банката во Грузија во градот Зугдиди, соопшти полицијата.

Се водат преговори со напаѓачот. Според локалните медиуми, тој побарал половина милион долари. Разбојникот носи маска и воена маскирна униформа. Тој според извештаите им дал два часа на полицијаците да го исполнат неговото барање, кои веќе изминаа.

Полицијата уште информира дека напаѓачот ослободил една бремена жена. Сведоците пријавиле пукање, но засега не е јасно дали има повредени.

Специјалните единици на полицијата се распоредени пред банката. Еден од вработените кој успеа да излезе од зградата рече дека напаѓачот пукал неколкупати и побарал од вработените да легнат на земја.

Би можело да ве интересира

Захарова: Поради Зурабишвили, Грузија беше на работ на граѓански конфликт

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Илјадници луѓе протестираат во Грузија пред инаугурацијата на новиот претседател

Кобахидзе: Либералниот фашизам нема шанси за победа

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија