ВИДЕО: Драма на небото, патниците го снимиле моментот кога експлодира моторот на авионот

Од:

Запрепастени патниците го снимиле драматичниот момент кога млазниот мотор на нивниот авион експлодирал сред лет.

Тие летале за Мексико со двомоторен Ербас А320 кога одеднаш настанала драма. Десниот мотор на авионот експлодирал, испраќајќи пламен наназад кон опашката. Авионот потоа го потресува експлозија и може да се види како се тресе во воздухот пред да заврши снимката.

Пилотите принудно слетале на аеродромот во Пуерто Ваљарта каде патниците чекале замена за летот.

И авиокомпанијата Вива Аеробус објави дека драмата ја решиле нивните пилоти.

– Согласно воспоставените протоколи за ваков тип на состојби и превентивно, со приоритет на безбедноста на сите патници, екипажот продолжи со враќање на авионот на меѓународниот аеродром Пуерто Ваљарта и успешно слета во 16 часот и 29 минути без инциденти. По слетувањето, патниците биле навремено симнати и леталото е однесено на проверка и одржување. Жалиме за непријатностите што може да ги предизвика оваа околност и ја потврдуваме нашата посветеност на безбедноста на секој од летовите, што е приоритет број еден на компанијата – се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Стјуардеса од Белград e тешко повредена во авионската несреќа во Торонто

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

ВИДЕО: Откриена причината за фаталната несреќа на хеликоптерот и авионот над Вашингтон

ВИДЕО: Повторно се урна авион во САД, нема преживеани

Катерина Ѓуровски

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон