ВИДЕО: Циклонот Фаилин го погоди источниот брег на Индија

Од:

Циклонот Фаилин денеска го погоди источниот брег на Индија со ветрови со брзина од речиси 200 километри на час, соопшти Индиската метеоролошка служба.

И пред доаѓањето на циклонот Фаилин, од силно невреме беа погодени сојузните држави Ориса и Андра Прадеш, при што загинаа три лица, а околу половина милион луѓе беа евакуирани.

Пред налетот на циклонот Фаилин во Индија беше прогласен највисок степен на тревога, армијата е мобилизирана за пружање на помош, а индискиот Црвен крст испрати екипи во државите Ориса, Андра Прадеш и Андамани Никобари.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати