ВИДЕО: Бунтовниците соборија хеликоптер во Дамаск

Од:

Сириски воен хеликоптер се запали, а потоа се урна во Дамаск во населбата каде што се водат жестоки борби помеѓу владините сили и бунтовниците.

Сеуште не може точно да се утврди поради што падна хеликоптерот бидејќи се контрадикторни информациите на војската и бунтовниците.

Сириската војска тврди дека хеликоптерот паднал поради технички проблеми, додека бунтовниците изјавија дека го собориле со оган од земја.

Ниту од видео снимката не може да се утврди зашто е паднат хеликоптерот, бидејќи се гледа само како е запален пред да падне на земја.

Минатиот месец бунтовниците тврдеа дека собориле авион „миг-23“, но војската повторно посочи дека се работи за техничка проблем.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад