ВИДЕО: Брутално погубување на сириски војници

Од:

На интернет се појави ново видео со брутална егзекуција на припадници на сириската војска од страна на бунтовниците. Заробените војници прво ги тепаат, а потоа ги убиваат. Овој пат стигна реакција од Обединетите Нации од каде што порачаа дека доколку се потврди снимката, тоа што се случи ќе се третира како воено злосторство.

Видео снимката наводно е направена минатата недела за време на нападот на бунтовниците на северниот град Саракеб каде веќе неколку недели се водат жестоки борби меѓу завојуваните страни. Градот саракеб сега се наоѓа под контрола на бунтовниците.

На видео снимката зарабените војници ги удираат, и им дофрлаат дека се „кучињата на Асад“. Неколку моменти после тоа се слушаат пискотници и пукање кое трае околу 35 секунди.
Видео снимката ја коментираше и Сабах ал Мукхтар, претседател на Здружението на арапски адвокати.

„Не сум сигурен за идентитетот на овие луѓе, но ова е воено злосторство во секој случај. Убивањето луѓе откако се предале, посебно ако се работи за војници е воено злосторство и сметам дека на овој случај така треба да се гледа“, рече тој.

Amnesty International истакнаа дека настојуваат да ја потврдат автентичноста на снимката и идентитетот на одговорните.

Ова не е првпат бунтовниците да егзекутираат војници пред видео кламерите и да ги поставуваат на Јутјуб, меѓутоа првпат има реакција и осуда од сите страни, дури и од главната позиција, Сирискиот Национален Совет.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение