ВИДЕО: Борел: Дополнително време за спасување на иранскиот нуклеарен договор

Од:

Шефот на европската дипломатија Жозеп Морел ја продолжи временската рамка за разговори за спасување на иранскиот нуклеарен договор, откако Франција, Германија и Велика Британија активираа механизам со кој се отвора патот за можни санкции како одговор на обидите на Техеран да се повлече од одделни делови на Договорот.

„Постои согласност дека е потребно дополнително време поради комплексноста на прашањето. Поради тоа е продолжена временската рамка“, се посочува во соопштението лиферувано од канцеларијата на Борел. Тој најави дека т.н. заедничка комисија за Договорот повторно ќе се сретне во февруари.

Велика Британија, Франција и Германија, државите што го потпишаа меѓународниот договор во 2015 година, заедно со САД, Русија и Кина, пред 10 дена преку писмо го известија Борел дека го активираат механиззмот за спорови, зголемувајќи го притисокот врз Техеран.

Тројцата лидери во изјавата посочија дека „немале друг избор“ со оглед на иранските активности и дека регистрирале загриженост дека Иран не ги исполнува своите обврски“.

Трите сили укажаа дека го упатуваат предметот до Заедничката комисија во согласност со механизмот за решавање спорови, како што е регулирано со нуклеарниот договор.

Борел инсистираше на тоа дека овој потег не значи дека санкциите автоматски ќе бидат повторно вратени. Механизмот им овозможува на министрите за две недели да решат какви било проблеми, иако овој период може да се продолжи доколку сите страни се согласат. Доколку е потребно, Советодавниот одбор ќе има дополнителни 20 дена да донесе одлука.

Би можело да ве интересира

Иран доби одговор од САД околу договорот за иранската нуклеарна програма

Ана Ололовска

ЕУ го разгледува одговорот на Техеран за обнова на договорот за иранската нуклеарна програма

Ана Ололовска

Иран поднесе предлози за обновување на нуклеарниот договор

Ана Ололовска

Стејт департмент: Договор за иранската нуклеарна програма можен без дополнителни условувања

Ана Ололовска

Иран подготвен да го прифати предложениот текст за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година

Ана Ололовска

Во Виена завршија преговорите за иранскиот нуклеарен договор, се чека одобрување

Ана Ололовска