ВИДЕО: Автомобил влета во капијата на Бакингамската палата, возачот уапсен

Од:

Британската полиција интервенираше рано утринава откако автомобил се заби во портите на Бакингемската палата.

Локалните медиуми јавуваат дека еден маж е уапсен.

Очевидец за медиумите изјавил дека слушнал „силна експлозија“ додека возилото пробило низ портите на познатата кралска резиденција во центарот на Лондон.

-Слушнав силен тресок и кога погледнав таму видов дека автомобилот удрил во Бакингемската палата – рекол очевидецот.

Полицијата соопшти дека во инцидентот нема повредени.

„Вооружени полицајци на лице место го уапсиле мажот поради сомнение дека сторил кривично дело и тој е пренесен во болница“, соопштија од полицијата.

Би можело да ве интересира

Додека кралицата спиеше маж провали во Бакингамската палата

Татјана Ташкова