(ВИДЕО) Автобус со руски туристи удри во патарина, 27 повредени

Од:

Туристички автобус со руски државјани доживеа сообраќајна несреќа во Патаја, Тајланд. Во несреќата се повредени 27 лица, но меѓу Русите нема загинати, информираше за ТАСС портпаролот на руската амбасада Илја Илин.


„Одделот на конзуларната служба на амбасадата е запознаен со овој инцидент. Автобусот превезувал руски туристи кои дошле на пат преку туристичкиот оператор Анекс тур. Според прелиминарните податоци, 27 Руси се повредени“, се вели во соопштението.

Како што објасни дипломатот, засега нема информации за жртви. По несреќата на интернет почнаа да се појавуваат видеа од моментот на несреќата. Врз основа на објавените снимки се гледа дека возачот на автобусот изгубил контрола на влезот во патарината од патот и удрил во бетонската преграда на наплатната рампа.

Локалниот весник Матичон пишува дека во автобусот имало 37 патници. Сите повредени се итно пренесени во болница во Патаја.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

Автобуска несреќа во Белград: 20 лица се повредени, меѓу кои дете и бремена жена

Горан Наумовски

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

Несреќа во Норвешка: Автобусот излетал од патот и завршил во вода, има мртви

Несреќа во Црна Гора: Автобус полн со ученици се превртел на покривот, нема повредени

Горан Наумовски

43 повредени во автобуска несреќа во Египет