(ВИДЕО) Авионска несреќа во САД, загинаа двајца пилоти

Од:

Двајцата пилоти загинаа кога малиот товарен авион на тренинг лет удри во празна зграда веднаш по полетувањето од аеродромот во Хонолулу во американската сојузна држава Хаваи и се запали, соопштија властите.


Никој друг не е повреден во инцидентот, соопшти противпожарната служба во Хонолулу. Американската федерална управа за авијација објави дека едномоторната Цесна 208 на компанијата Камака Ер заминала за аеродромот Ланаи, кој се наоѓа во округот Мауи.


Инцидентот се случил во вторникот околу 15:15 часот по локално време, се вели во соопштението на Федералната управа за авијација.

На видеото се гледа како авионот се свртува накосо во областа на аеродромот на мала височина пред да удри во зградата, оставајќи зад себе густ, црн облак од чад, пренесува ABC News.

Компанијата „Камака ер“ потврди дека нејзините двајца пилоти загинале во несреќата, но не ги соопштија нивните имиња.

Американската федерална управа за авијација и Националниот одбор за безбедност на транспортот го истражуваат инцидентот, според ABC News.

Би можело да ве интересира

Се урна руски воен авион Су-25

Се урна авион во близина на Белград, пилотот е извлечен од вода

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Горан Наумовски

Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија